Копривата е природно, непрскано растение кое е богато со железо и многу други минерали и витамини треба да биде вклучено во нашата исхрана што е можно повеќе. Оваа здрава и едноставна супа е еден начин на кој можете да ја консумирате...
Состојки:
- 500 грама млади врвови од коприва
- 2 чешниња лук
- 1 пиперка
- малку масло
- 2 лажици брашно
- 1 коцка супа ( зеленчукова)
- 2 литри вода
- 2 јајца
- мелен бибер и сув зеленчук
- за сервирање павлака
Подготовка:
Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното. Додадете ја исецканата коприва и пропржете ја да омекне, прелијте со вода и додадете коцка супа и зачини и гответе полупокриено околу 20 минути. Изматете ги јајцата со вилушка и измешајте, послужете со павлака.
Фото: Фрипик