• среда, 15 мај 2024

Покетино: Фудбалерите на Челзи треба да бидат разочарани од поразот од Ливерпул

Покетино: Фудбалерите на Челзи треба да бидат разочарани од поразот од Ливерпул

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино е разочаран по поразот од Ливерпул (0:1) во финалето на англискиот Лига куп.

„Сините“ од Лондон во финалето одиграно вчеравечер на „Вембли“ примија гол во самиот финиш од второто продолжение.

- Создадовме 5-6 шанси и не постигнавме гол. Во натпревар како денешниот и во финалето, да се постигне прв гол е голема предност. Примивме гол во последен момент и тешко е некако да се реагира на тоа. Тимот се бореше за трофеј што не го добивме. Играчите треба да бидат разочарани. Му честитаме на Ливерпул и продолжуваме да одиме напред, изјави Покетино за „Би-би-си“.

Челзи стана првиот тим во англиската историја кој загубил шест финалиња по ред во домашните купови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан