• среда, 22 мај 2024

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан го напушта Манчестер јунајтед


Манчестер, 14 мај 2024 (МИА) – Централниот дефанзивец Рафаел Варан летово ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Варан самиот го најави своето заминување од „Олд Трафорд“ во изјава денеска за клупскиот сајт.
Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.
„И покрај фактот дека имавме тешка сезона, јас сум оптимист за иднината. Новите сопственици доаѓаат со јасен план и одлична стратегија. Ќе се видиме на Олд Трафорд за да се збогуваме на последниот натпревар од сезоната Тоа ќе биде многу емотивен ден за мене“, изјави 31-годишниот Варан.
Францускиот фудбалер настапуваше три сезони на „Олд Трафорд“ во кои освои еден Лига куп.
На „Олд Трафорд“ дојде по десет сезони во дресот на Реал Мадрид, со кој освои четири трофеи во Лигата на шампиони и три титули на Шпанија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан