• четврток, 04 јули 2024

Првиот човек на Ла Лига го потврди трансферот на Мбапе во Реал

Првиот човек на Ла Лига го потврди трансферот на Мбапе во Реал


Мадрид, 14 мај 2024 (МИА) – Францускиот напаѓач Килијан Мбапе од претстојната сезона ќе игра во Реал Мадрид, најави денеска претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас во интервју за аргентинскиот весник Оле.
„Мбапе следната сезона ќе игра за Реал Мадрид. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, но Реал Мадрид ги има и Џуд Белингам и Винисиус. Ќе имаат одличен тим, но тоа не гарантира шампионска титула“, рече Тебас.
Мбапе пред неколку денови официјално објави дека по завршувањето на првенството ќе го напушти Пари Сен Жермен.
Мбапе е дел од ПСЖ од сезоната 2017-2018.
Со парискиот клуб Мбапе освои пет шампионски титули во Франција. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан