• сабота, 18 мај 2024

Покетино: Манчестер јунајтед ја заслужи победата

Покетино: Манчестер јунајтед ја заслужи победата

Лондон, 7 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино даде свое видување за поразот (1:2) од Манчестер јунајтед синоќа во натпреварот од 15. коло на англискиот шампионат.

- Противникот ја заслужи победата. Почетокот на натпреварот беше тежок. Игравме во недела, па имавме уште еден ден помалку да се подготвиме. Ова можеби ни отежна да го започнеме натпреварот како што сакавме. Челзи создаде доволно шанси да се врати во игра. Второто полувреме започна многу добро, но потоа примивме гол. Ни недостигаше енергија и способност да ја промениме играта. Тоа беше проблем, а овие работи понекогаш се случуваат. Ова е фудбал. Манчестер јунајтед заслужи да победи и беше подобар од нас. Треба да се фокусираме на следниот натпревар, изјави Покетино за „Би-би-си“.

Челзи со 19 бодови се наоѓа на 10.место во Премиер лигата, додека Манчестер јунајтед има собрано 27 бода и се искачи на 6. место во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан