• петок, 22 ноември 2024

Гризман пред преселба во Лос Анџелес?

Гризман пред преселба во Лос Анџелес?

Лос Анџелес, 26 јули 2024 (МИА) - Лос Анџелес е тимот со најголеми фудбалски амбиции во Северна Америка. Оливие Жиру оваа сезона веќе пристигна како слободен играч од Милан, а сега конкуренција би можел да му биде многу помладиот и поактивен репрезентативен колега.

Се работи за Антоан Гризман, фудбалер на Атлетико Мадрид. Иако се уште не е во доцните играчки години (33), Французинот има исклучително прифатлива откупна клаузула во договорот од 10 милиони евра, што го привлече вниманието на клубот од МЛС.

Сепак, треба да се праша и Гризман, кој минатата сезона покажа дека се уште може да придонесе во Европа. Тој со 48 натпревари и 24 гола во сите натпреварувања докажа дека не е време да се „повлече“ од големиот фудбал.

МЛС лигата, пак, е се попривлечна за фудбалерите, особено за оние на крајот од кариерата. Дури и кога не нуди договори како оние во Европа. Америка затоа нуди многу други деловни можности, и не случајно Дејвид Бекам ја изгради својата империја таму, а преку барата заминаа и имиња како Златан Ибрахимовиќ, Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Лоренцо Инсиње...

Гризман во својата кариера покрај Атлетико ги носеше и дресовите на Реал Сосиедад и Барселона. Своевремено во Каталонија за него платија 120 милиони евра, но Французинот не се снајде најдобро, па по две неплодни сезони беше вратен во Мадрид на позајмица, а една година подоцна и како постојан трансфер.

Нема многу време. Вториот преоден рок за американските клубови (за канадските клубови е различно) завршува на 14 август. дс

Фото: Архива

Остани поврзан