• петок, 17 мај 2024

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 8 мај 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан