• вторник, 02 јули 2024

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Утре во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против лаври од комарци на подрачјето на градот Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) по известување од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од ЦУК апелираат до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчели во скопскиот регион. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан