Повторно експлозии во центарот на Киев, Кличко ги повика граѓаните да останат во засолништа
- Претпладнево повторно се слушнале експлозии во центарот на Киев, а во сила е предупредување за воздушна опасност.

Киев, 29 мај 2023 (МИА) – Претпладнево повторно се слушнале експлозии во центарот на Киев, а во сила е предупредување за воздушна опасност.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека има експлозии во центарот на Киев и ги повика жителите да останат во засолништа.
Русија рано утринава почна нов бран воздушни напади врз Киев со дронови и крстаречки ракети. јт/
Фото: Твитер