• недела, 22 декември 2024

Пленковиќ: Разобличивме дезинформации за испраќањето на НАТО офицери во Украина

Пленковиќ: Разобличивме дезинформации за испраќањето на НАТО офицери во Украина

Загреб, 6 ноември 2024 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска на воведниот дел од седницата на Владата се осврна на бурната расправа за испраќање на хрватски офицери во мисијата на НАТО (НСАТУ), во која жестоко полемизираше со опозициските пратеници.

Според Пленковиќ, неговата страна со факти ги разобличила сите дезинформации и манипулации поврзани со темата.

Тој изјави дека овие дезинформации и манипулации доаѓаат од страна на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, и се поддржани од опозицијата.

- И врапчињата знаат дека хрватските војници не одат во Украина, туку во Висбаден. Ако активностите се поврзани со поддршката за Украина, тоа е соодветно, но не значи дека тие треба да бидат на теренот во Украина, рече Пленковиќ.

Пленковиќ ја честиташе убедливата победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите во САД и ѝ посака успех на Дубравка Шуица, која е новиот комесар за Средоземје во Европската комисија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан