• петок, 22 ноември 2024

Пленковиќ: Нема да испратиме хрватски војници во Украина, тоа не може да се случи

Пленковиќ: Нема да испратиме хрватски војници во Украина, тоа не може да се случи

Загреб, 24 октомври 2024 (МИА) - Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска повтори дека ниту еден хрватски војник во рамките на активностите на НАТО нема да биде испратен во Украина, и најави нова седница на саборскиот Одбор за одбрана на која ќе зборува официјален претставник на НАТО.

Пленковиќ на прес-конференција рече дека двајца хрватски офицери ќе учествуваат во НАТО мисијата за поддршка на Украина во Висбаден, Германија, но нема да одат во Украина. - Веќе ми станува здодевно да го повторувам истото, изјави премиерот.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и дел од опозицијата тврдат дека Хрватска се вовлекува во конфликт со Русија преку НАТО. Пленковиќ ова го нарече „манипулации и дезинформации“ од страна на Милановиќ, кои дел од опозицијата некритички ги прифати.

- Нема да испраќаме хрватски војници во Украина. Никој тоа не го предлага, ниту тоа може да се случи, изјави премиерот на Хрватска.

Пленковиќ додаде дека во НАТО активностите во Украина ќе учествуваат само неколку офицери за врска, и дека ниту еден од нив нема да биде од Хрватска. ссм/

фото: архива

Остани поврзан