Пињо: Можна е средба со Трамп во Рим
- Портпаролката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека е возможно да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп додека тој е во Рим за погребот на папата Франциск, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Рим, 25 април 2025 (МИА) - Портпаролката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека е возможно да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп додека тој е во Рим за погребот на папата Франциск, објави италијанската новинска агенција АНСА.
„Разгледуваме можност за средба, иако во моментов ништо не е потврдено“, изјави портпаролката Паула Пињо.
Таа додаде дека главната цел на патувањето на Фон дер Лајен во Рим е погребот на папата Франциск, а не разговор за трговија и царини.
„Доколку се појават други можности, на маргините, тогаш тие, секако, ќе бидат корисни“, додаде Пињо.
Трамп пред неколку дена им рече на новинарите во Белата куќа дека ќе има многу средби додека е во Рим. рп/
Фото: МИА архива