• сабота, 18 мај 2024

Петровска и Османи ја поздравија одлуката на Турција да не го попречува членството на Шведска во НАТО

Петровска и Османи ја поздравија одлуката на Турција да не го попречува членството на Шведска во НАТО

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на Самитот на НАТО во Вилнус, ја поздрави одлуката на Турција да не го попречува членството на Шведска во Алијансата.

- Единството во НАТО уште еднаш победи. Постигнат е договор и Шведска да биде дел од Алијансата. НАТО семејството се проширува на 32 членки. Побројни, помоќни, пообединети, напиша министерката Петровска на Фејсбук.

И министерот Османи на својот фејсбук профил напиша дека има одлични вести од Вилнус и дека по членството на Финска, ова е најважниот политичко - безбедносен настан. 

- За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја - членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко - безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа, напиша Османи. мд/бак/

Фото: Фејсбук на министрите Славјанка Петровска и Бујар Османи 

Остани поврзан