Перу прогласи вонредна здравствена состојба поради Денга треска
- -Перуанската влада вчера го одобри предлогот за прогласување вонредна состојба, им соопшти Васкез на новинарите, неколку часа откако кажа дека избивањето на епидемијата на Денга е „неминовно“. „Има 20 региони, од 25, во кои ќе биде прогласена здравствена вонредна состојба поради Денга“, додаде тој.
Лима, 27 февруари 2024 (МИА) - Перу вчера прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата откако топлотниот бран и обилните дождови доведоа до пораст на случаите на Денга треска.
Бројот на загинати од вирусот во оваа јужноамериканска земја годинава се зголеми на 32, изјави вчера министерот за здравство Цезар Васкез. Вкупниот број на случаи во првите осум недели од оваа година се зголеми на 31.300, рече Васкез.
-Перуанската влада вчера го одобри предлогот за прогласување вонредна состојба, им соопшти Васкез на новинарите, неколку часа откако кажа дека избивањето на епидемијата на Денга е „неминовно“.
„Има 20 региони, од 25, во кои ќе биде прогласена здравствена вонредна состојба поради Денга“, додаде тој.
Со декларација се зголемуваат ресурсите за здравствени услуги во погодените области.
Денгата, која главно се пренесува со каснување од заразени комарци, предизвикува симптоми како треска, гадење, повраќање, замор и болки во телото. Повеќето случаи забележани досега во Перу се на северот на земјата, каде болниците се веќе преполни.
-Времето создаде совршена почва за комарците да се размножуваат побрзо и да станат почест пренесувач на болести, рече Васкез.
Минатата година во Перу од денга треска починале 428 лица, а според официјалните податоци биле заразени 269.216 лица. сд/
фото:МИА архива