Нови Сад: Бројни полициски сили распоредени низ градот
- Во Нови Сад во пресрет на вечерашниот протест е присутна бројна полиција. Џипови и теренци се во дворот на градското собрание на Нови Сад, јави Бета.
Нови Сад, 5 ноември 2024 (МИА) - Во Нови Сад во пресрет на вечерашниот протест е присутна бројна полиција. Џипови и теренци се во дворот на градското собрание на Нови Сад, јави Бета.
Исто така, голем број вакви возила се паркирани на булевар во близина на киното Арена.
Станува збор за локација која се наоѓа во близина на градското собрание и комплексот Бановина, односно зградата на покраинската влада.
Истовремено, советниците од опозицијата на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои се гледа како голем број униформирани полицајци во колона влегуваат во Градското собрание.
Поранешниот претседател на Владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, на социјалните мрежи објави предупредување дека Српската напредна партија (СНС) регрутира навивачи за да предизвикаат инциденти на вечерашниот митинг.
„Прогресивците им делат бејзбол палки на навивачите во Нови Сад и им наложуваат да кршат излози и да предизвикаат материјална штета за време на протестот. Тоа се истите групи кои некогаш ги нападнаа демонстрантите во близина на Мостот Слобода“, напиша Пајтиќ.
Почетокот на протестот во Нови Сад е закажан за 18 часот. зш/