• недела, 19 мај 2024

Перез: Анчелоти има договор со нас и ние сме среќни

Перез: Анчелоти има договор со нас и ние сме среќни

Мадрид, 7 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одговори на прашањето за можното заминување на тренерот Карло Анчелоти.

 

- Не сакам повеќе да слушам за тоа, тој има договор и ние сме среќни, го цитира Перез „Marca“.

 

Претходно Анчелоти изјави дека ќе работи во клубот до крајот на договорот, доколку во клубот се задоволни од него.

 

Шеесет и тригодишниот Италијанец е предводник на Реал Мадрид од 2021 година. Неговиот договор со „Кралевите“ е со важност до крајот на следната сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан