• сабота, 15 јуни 2024

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Ријад, 19 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити. 

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан