• недела, 22 декември 2024

Падна првиот рекорд на Олимписките игри

Падна првиот рекорд на Олимписките игри

Париз, 25 јули 2024 (МИА) - Олимписките игри се уште не се официјално отворени, а првите рекорди во Париз веќе паднаа.

Корејката Лим Си-Хјеон во текот на квалификациите во стрелаштво успеа да постигне резултат од 694 поени, што никој во историјата го нема постигнато во женска категорија.

Досегашниот најдобар резултат го имаше Канг Чае Јунг со 692 поени и тоа го постигна на Светското првенство 2019 година.

Што се однесува до претходниот рекорд, тој беше 680 поени и беше поставен од Ан Сан пред три години во Токио.

Интересно е и тоа што само двајца мажи во историјата успеале да постигнат подобар скор од 694. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан