Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес во одвоени случаи приведе двајца 28-годишници
- Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 9.40 часот на местото викано „Бабуна“ во Велес го лишиле од слобода 28-годишниот С.Ј. од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Велес, 9 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 9.40 часот на местото викано „Бабуна“ во Велес го лишиле од слобода 28-годишниот С.Ј. од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 13.40 часот вчера, пак, полицијата од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишила од слобода и 28-годишниот П.П. од Велес, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Како што појасни портпаролот Ѓаковска, тој е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/хс/
Фото: МИА архива