Основниот суд Куманово со доволен број судии, но со недостиг на записничари
- По назначувањето на четворицата нови судии во кумановскиот основен суд, успешно се постигнува нормата и според податоците на судот, последниве два месеци, Основниот суд Куманово е успешен суд, информираа денеска надлежните. Во моментов во судот има 22 судии, покрај новопримените од боледување се вратени двајца судија, еден судија е вратен од САД, друг се вратил од Судскиот совет.
Куманово, 16 јули 2025 (МИА) - По назначувањето на четворицата нови судии во кумановскиот основен суд, успешно се постигнува нормата и според податоците на судот, последниве два месеци, Основниот суд Куманово е успешен суд, информираа денеска надлежните. Во моментов во судот има 22 судии, покрај новопримените од боледување се вратени двајца судија, еден судија е вратен од САД, друг се вратил од Судскиот совет.
- Благодарение на 22 судии, задоволни сме од реализацијата, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.
Претходно, судот имаше само 15-тина судии. Тројца од новите судии се распределени во граѓански оддел и во работни односи, со оглед на големиот број предмети во двата оддели и еден во кривичниот оддел. Судот со години се соочуваше со недостиг на кадар.
Проблем останува со бројот на записничари. Дел од нив заминале во пензија, дел ја напуштиле работата.
- Немаме доволно записничари за судењата во речиси сите одделите граѓански, кривични, закажани судења, комплицирано е да се организираат,а важни се за граѓаните кои треба да ги остварат своите права. Во моментов како најитно ни е вработувањето на од пет до седум записничари. Побаравме од судскиот буџетски совет да добиеме вработувања, меѓутоа министерството за финансии ни ги одби овие барања, изјави Манев.
Судот има потреба и од други вработувања. ам/
Фото: МИА