Општина Крива Паланка меѓу првите во државата со потпишани договори за управување со други текови на отпад
- Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги потпиша договорите со колективни постапувачи со текстилен отпад и отпадни возила „Тексомак“ ДОО и „Греен роад“ ДООЕЛ, Скопје, согласно Законот за управување со други текови на отпад.

Крива Паланка, 12 март 2025 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги потпиша договорите со колективни постапувачи со текстилен отпад и отпадни возила „Тексомак“ ДОО и „Греен роад“ ДООЕЛ, Скопје, согласно Законот за управување со други текови на отпад.
-Денеска ги потпишавме договорите со двата колективни постапувачи, со што јасно покажуваме дека грижата за животната средина е наш приоритет. Овластениот колективен постапувач „Тексомак“ ќе обезбеди соодветни садови за собирање и селекција на текстилен отпад, по што истиот и бесплатно ќе го превзема, а општината ќе организира и периодични акции за одлагање на дотраен текстилен отпад од домаќинствата и индустриските капацитети, за што граѓаните навремено и детално ќе бидат известени. „Греен роад“ има обврска да врши собирање, регулирање и преместување на отпадни и хаварисани возила. Со ова општината ги рподолжува заложбите за почиста и подобра животна средина, што е висок приоритет во работењето на самата локална самоуправа, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Реализацијата на договорите и активностите ќе се спроведува во соработка со стручни лица од општината и надлежен инспектор. Со овој чекор општината не само што превзема конкретни за правилно постапување со другите видови отпад и ги исполнува законските регулативи, туку и го намалува отпадот на главната градска депонија.
Општината заедно со ЈП Комуналец и колективните постапувачи ќе реализира и заеднички промотивно-едукативни кампањи за учениците и населението, за подигнување на свеста за селекција на отпад, заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Минатата година Општина Крива Паланка беше рангирана на високото, второ, место на „Изборот за Најеколошка општина“ на конкурсотна „Пакомак“ и „Балкан Еко Институт“-Скопје.ид/
Фото: Општина Крива Паланка