• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипската Клиничка болница предвидува набавка на нови медицински апарати

Штипската Клиничка болница предвидува набавка на нови медицински апарати

Штип, 12 март 2025 (МИА) - Околу сто милиони денари е планирано да се инвестираат во нови медицински апарати во штипска Клиничка болница, најави денеска директорот на болницата, Владко Захариев.

-Во процедура се набавка на апарати. Чекаме одобрение, за да можеме да распишеме јавна набавка за апарат за испитување на остеопороза, имаме и голема набавка на апарти со што Анестезија и интензивно лекување ќе биде затворен, со што тоа се апаратите операција, респиратори, транспортни респиратори и други апарати во рамките на ова одделение, вели Захариев.

Тој најави дека во тек е и постапката за избор на изведувач за адаптација на модуларната болница во амбуланти, во кои ќе се вршат прегледи на пациентите преку „Мој термин“.

-Во моментов сме во преговори со градоначалникот, Јорданов и локалната самоуправа да се отвори уште еден пристап за пациентите кај модуларната болница. Во скоро време ќе се почне и процедура за адаптација на Ургентниот центар, тоа е овој простор позади вас за Ургентен центар, вели Захариев.

Директорот на регионалната болница за источниот регион, Захариев додаде дека годинава планирано е и реконструкција на кровот на зградата на Инфективното одделение, како и во болничките соби, амбулантите и соблекувалните  и во објектот на Одделението за Физикална терапија, кој се наоѓа кај бањата „Кежовица“. вдј/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан