Реконструирано спортското игралиште во училиштето во село Долно Јаболчиште
- Општина Чашка го пушти во употреба новото комплетно реконструирано мултифункционално спортско игралиште за мал фудбал и кошарка во дворот на Основното училиште „Лирија“ во селото Долно Јаболчиште. Реконструкцијата на старите во нови спортски терени е од општинскиот буџет во висина од 360 илјади денари, информира за МИА градоначалникот Горан Стојановски.

Велес,13 март 2025 (МИА) - Општина Чашка го пушти во употреба новото комплетно реконструирано мултифункционално спортско игралиште за мал фудбал и кошарка во дворот на Основното училиште „Лирија“ во селото Долно Јаболчиште. Реконструкцијата на старите во нови спортски терени е од општинскиот буџет во висина од 360 илјади денари, информира за МИА градоначалникот Горан Стојановски.
Со реконструкцијата е извршено асфалтирање, оградување, осветлување и поставување на спортски реквизити.
- Со тоа учениците и младите од Долно Јаболчиште ги започнаа првите натпревари во мал фудбал и кошарка. Грижата за младите е врвен приоритет на Општина Чашка кој ќе продолжи и во наредниот период преку нови проекти, најави Стојановски.
Реконструцијата на оваа спортско игралиште е во рамките на Годишната програма на Општина Чашка за 2024 година.
Воедно Стојановски информира дека со средствата добиени од Владата преку унгарскиот кредит, а претходно и со средства од МОН е изградена спортската сала во училиштето „Лирија“ во Горно Јабочиште. Салата треба да се уреди и опреми и внатрешно, за што јавен повик ќе биде објавен идната недела. Тој најави дека се планира да биде готова до крајот на јуни годинава.
Со средства од МОН, се гради и опремува и модуларното училиште во селото Бањица, кое треба да биде пуштено во функција до крајот на март.ад/
Фото: МИА