• петок, 05 декември 2025

Општина Илинден и членовите на хуманитарното здружение „Илинден“ го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

Општина Илинден и членовите на хуманитарното здружение „Илинден“ го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје.

Како што соопштуваат од општината на приемот градоначалникот ја истакнал важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп.

-Градоначалникот Георгиевски истакна дека овие наши сограѓани секојдневно се соочуваат со различни бариери, како физички и социјални, така и економски, за што локалната самоуправа има обврска активно да работи на нивно намалување. „Општина Илинден, како и досега, ќе продолжи да стои зад хуманитарните здруженија и зад сите лица со хендикеп што живеат на нашата територија. Инклузијата не е привилегија, туку основно право“, нагласи градоначалникот. Во знак на благодарност за континуираната поддршка, Здружението му врачи благодарница на градоначалникот, кој пак им додели скромен подарок наменет за потребите на децата и за активностите на здружението, се наведува во сооштението. свс/дма/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан