• среда, 03 јули 2024

Општина Велес го одбележува Денот на независноста - 8 Септември

Општина Велес го одбележува Денот на независноста - 8 Септември

Велес, 8 септември 2023 (МИА) - Со положување цвеќе пред спомен костурницата на загинатите борци од НОВ, претставници на Општина Велес, Советот и други делегации од установи, денеска им се поклонија и им оддадоа почит на сите македонски борци загинати низ борбите во историјата за слободна и независна македонска држава.

По повод одбележувањето на 8 Септември, во амфитеатарот на Младински парк синоќа се одржа „Вечер на староградски песни“ традиционалната манифестацијата која ја организира на Здружението на граѓани „Распеани велешани‘“.

Пред велешката публика со свои музички точки се претставија ансамблите од Гевгелија, Валандово и Свети Николе кои ја негуваат традиционалната староградска песна и мелос.

Чествувањето на големиот државен празник продолжува вечерва со почеток во 20 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес на отворено, со годишен концерт на ансамблот „Керамичар“ насловен „Фолклорот е нашата љубов“. вд/ир

Фото: МИА

 

Остани поврзан