Ново улично осветлување на улица „Илинденска“ во Македонска Каменица
- Во рамки на уредувањето на новоизградениот паркинг простор на улица „Илинденска“, во Македонска Каменица, е поставено ново улично осветлување. Целта на поставувањето на осветлувањето, информираше денеска градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски, е поголема безбедност и видливост во ноќните часови.

Македонска Каменица, 12 март 2025 (МИА) - Во рамки на уредувањето на новоизградениот паркинг простор на улица „Илинденска“, во Македонска Каменица, е поставено ново улично осветлување. Целта на поставувањето на осветлувањето, информираше денеска градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски, е поголема безбедност и видливост во ноќните часови.
- Новоизградениот паркинг на оваа улица е со површина од 800 метри квадратни и над 30 паркинг места. Осветлена е и новата пристапна пешачка патека, која води кон паркингот од улица „Македонска“, со што дополнително се олеснува движењето и се зголемува сигурноста на пешаците, истакна Атанасовски.
Во наредниот период, најави тој, ќе биде извршено и стандардно обележување на паркинг местата.
- Реализацијата на вакви проекти од нашата програма и дадените ветувања кон граѓаните, ќе продолжиме да ги реализираме, како во урбаната средина, така и во приградските и руралните средини од нашата општина, со цел подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на сите граѓани, додаде Атанасовски.
Според планираното самиот простор со поддршка на Јавното претпријатие Камена Река најави дека ќе биде хортикултурно доуреден. вс/цр
Фото: Општина Македонска Каменица