• вторник, 25 јуни 2024

На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути

На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - На граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ воедно потсетува дека од денеска е поставен времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109, делница Понов мост - влез во Богданци, поради реконструкција со проширување. мч/дма/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан