• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Девојче извлечено од провалија во близина на Струмица

ЦУК: Девојче извлечено од провалија во близина на Струмица

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Екипи на струмичкиот СВР, ТППЕ и Итната медицинска помош вечерва успешно извлекле 16-годишно девојче кое паднало во провалија во близина на манастирот Свети Илија над Струмица, соопшти ЦУК.

Девојчето веднаш по извлекувањето е пренесено во струмичката болница.

ЦУК информира дека вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во провалија во близина на манастирот Свети Илија над Струмица, но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.

Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемерина, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат и да ја извлечат, велат од ЦУК.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан