• недела, 19 мај 2024

Најстарите европски наколни населби откриени во Албанија

Најстарите европски наколни населби откриени во Албанија

SRF

6 август

„Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа. Тука се зачетоците на земјоделството и сточарството во овој регион, а со тоа и условите за „големата културна промена во Европа“, вели  Алберт Хафнер, професор по праисториска археологија на Универзитетот во Берн.

На брегот на езеро во јужниот дел на Балканот, во пограничниот регион меѓу Албанија, Северна Македонија и Грција, лежи „лулката на европското земјоделство“ - тука се наоѓаат подводни остатоци од праисториски населби каде живееле првите земјоделци во Европа. Новите техники на организирано земјоделство најверојатно во Европа пристигнало пред околу 12 илјади години на плодниот полуостров дошле од Блискиот Исток, преку западна Азија.

Тука на Охридското Езеро, помеѓу Албанија и Северна Македонија, се наоѓа истражувачки тим предводен од подводниот археолог Алберт Хафнер. Резултатите добиени преку утврдувањето на староста на локалитетот се мала археолошка сензација: тие датираат помеѓу 5800 и 5900 пред нашата ера, што значи околу две илјади години постари од најстарите потпорни куќи во Швајцарија.

„Оттаму, оваа локација не е важна само за регионот, туку и за цела Југоисточна Европа“, објаснува Хафнер за SRF. Тој е еден од водечките експерти за наколни објекти за домување во Швајцарија, кој истовремено го предводи обемниот меѓународен проект „Explo“ што ги истражува зачетоците на земјоделството во Југоисточна Европа.

Охридското Езеро се смета за едно од најстарите езера на планетата; тоа постои 1,36 милиони години. Најголемиот дел од водената површина од 350 квадратни километри лежи во Северна Македонија, а помалиот западен дел и припаѓа на Албанија. Под сегашното езерско корито се наоѓа таканаречен културен слој, кој главно се состои од органски материјал и е дебел до 1,7 метри. Тој, меѓу другото, содржи остатоци од култивирано жито, диви растенија и животни, кои им овозможуваат на археолозите да извлечат заклучоци за развојот на земјоделството.

Подводните ископувања се вообичаено тешки, како што нагласува археологот и истражувач нуркач Мари-Клер Рис за SRF. Таа ги координира нуркачките операции на локалитетото.

„Овде се соочуваме со густа вегетација. Мора да се справувате со густата трска за да стигнете до местото на нуркање“.

При ископувања под вода, се наткрева и талогот што ја попречува прегледноста. Затоа, со вештачка подводна струја генерирана од компримиран воздух со цевки прво „се измиваат“ седиментите.

За праисториската археологија, таквите подводни локации се чиста среќа: дрвените столбови што претставуваат основа на објектот тука се целосно зачувани, последица на недостатокот кислород што овозможува заштита на дрвото од распаѓање предизвикано од бактерии или габи. Таквите околности овозможуваат дендролошко утврдување на староста на колјето, врз основа на годовите на дрвото.

Истражувачкиот тим токму тоа го прави, ја утврдува староста на наколните остатоци во Охридското Езеро. Досега утврдената старост од околу осум илјади години заснована врз методата на радиоактивен јагленород е релативно непрецизна, појаснува Хафнер. „Сакаме да ја користиме дендрохронологијата, т.е. со помош на годовите на дрвото, за да ја одредиме староста до ниво на децении, па дури и до години“.

Локалитетот не е единствениот во крајбрежјето на Охридското Езеро: такви праисториски населби покрај езерото има и на источната северномакедонска страна. Во заливот Плоча - Миќов Град беа датирани околу 800 остатоци, утврдени преку проектот „Explo. 2021“, објавени во списанието „Journal of Archaeological Science“. Прикажаните резултати покажуваат дека населбите биле изградени во различни фази – од неолитот (средината на петтиот милениум п.н.е.) до бронзеното доба (вториот милениум п.н.е.). Претходно се претпоставуваше дека се работи за населба од околу илјада години пред нашата ера.

Наколните објекти за домување беа пронајдени во 70-те години на минатиот век од страна на локалното население, кога нивото на водата на Охридското Езеро нагло се намалило оставајќи ги локалитетите видливи. Адријан Анастаси од Албанскиот институт за археологија во Тирана соработката со Универзитетот во Берн ја побарал поради фактот што токму во Швајцарија има бројни добро истражени места за слични наколни живеалишта.

Всушност, наколните живеалишта во алпскиот лак и на локалитети на Балканот се единствените подобро зачувани остатоци од неолитските населби. Од бројните наколни куќи на Алпите, 111 од низ откриени во шест алпски земји - Швајцарија, Австрија, Германија, Франција, Словенија и Италија во 2011 година се прогласени за светско наследство на УНЕСКО од 2011 година. Од нив 56 во Швајцарија, распоредени во 15 кантони.

Сепак, Хафнер забележува дека не помалку важни се и мочуришните населби во југозападниот Балкан. Ситуацијата таму е споредлива со онаа на Алпите. Во денешна Албанија, северна Грција и Северна Македонија, во многу езера се зачувани остатоци од праисториски населби. Меѓутоа, со неколку исклучоци, локалитетите во балканскиот регион се се уште практично неистражени.

Интердисциплинарниот истражувачки проект „EXPLO“ exploproject.eu (Истражување на динамиката и причините за промени на праисториските области во лулката на европското земјоделство) е финансиран од Европскиот совет за истражување (ERC). Фокусот на проектот е на ставен врз односите меѓу човекот и животната средина на почетокот на земјоделството во југоисточна Европа. Тие се испитуваат од локации на влажна почва. Проектот трае пет години од 2019 до 2024 година. Во проектот се вклучени Универзитетот во Берн преку проф. д-р Алберт Хафнер од Катедрата за археолошки науки и проф. д-р Вили Тинер од Институтот за растителни науки, потоа  проф. д-р. Ејми Богаард од Факултет за археологија при Универзитетот во Оксфорд и проф. д-р Костас Коцакис од Факултетот за историја и археологија на Универзитетот во Солун. 

 

Остани поврзан