• понеделник, 23 декември 2024

Сукалински: Расте интересот за Европскиот одбранбен фонд

Сукалински: Расте интересот за Европскиот одбранбен фонд

Софија, 15 мај 2024 - Се повеќе расте интересот за Европскиот одбранбен фонд и можностите што ги нуди оваа европска иницијатива. Ова го истакна заменик министерот за економија и индустрија, д-р Давид Сукалински, на отворањето на Националниот информативен ден за прашањата на Европскиот фонд за одбрана 2024 година, во организација на Министерството за економија. Тој прецизираше дека Европскиот одбранбен фонд е програма на Европската унија (ЕУ) за промовирање на конкурентноста и иновацискиот капацитет на европската одбранбена технологија и индустриска база.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Фондот има буџет од речиси 8 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, од кои 2,7 милијарди евра се наменети за научни истражувања и 5,3 милијарди евра за развој на производи и технологија во областа на одбраната.

Заменик министерот за економија и индустрија посочи дека бугарските компании и истражувачки организации не само што активно учествуваат, туку и добиваат европски финансирања и успешно реализираат проекти. Сукалински потсети дека за периодот од 2021 до 2022 година, 14 проекти со учество на 11 бугарски организации добија грантови во рамките на програмата. Овој резултат ја става Бугарија на 17-то место од вкупно 27 земји по бројот на проекти кои добиле средства од буџетот на фондот.

Резултатите од евалуацијата на предлог-проектите од буџетот на програмата за 2023 година наскоро треба да ги соопшти Европската комисија, прецизираше заменик министерот. Има проекти со бугарско учество кои можат да добијат грантови од буџетот на програмата за 2023 година, коментира тој.

Бугарските организации во изминатата година учествуваа во вкупно 17 предлог проекти, истакна заменик министерот за економија. Поради оваа причина, Бугарија е прогласена од страна на ЕК за земја со најголем раст на учеството во програмата за 2023 година. Бројот на бугарски организации кои учествуваа во програмата е двојно зголемен. Сукалински нагласи дека за периодот 2021-2022 година земјатa е на 14-то место по бројот на учества на малите и средниte претпријатија во финансиски проекти.

Според него, тоа докажува дека бугарските компании се иновативни, високотехнолошки, конкурентни и прилагодливи. Дополнително, тие можат целосно да ги исполнат високите критериуми и очекувања на ЕУ и можат да учествуваат како целосен партнер во конзорциум, покрај големите меѓународни компании, вели заменик министерот за економија и индустрија д-р Давид Сукалински. 

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан