• среда, 08 април 2026

Јавното обвинителство со мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март - Денот на правосудството

Јавното обвинителство со мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март - Денот на правосудството

Скопје, 31 март 2026 (МИА) – Со мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 Март - Денот на правосудството. 

На настанот во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат новиот јавен обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески; заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска, и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели. 

Здружението на ЈО, на настанот, како што е најавено, ќе презентираната програма и планирани активности за 2026 година. 

Во рамките на настанот исто така предвиден е и дел за дискусија, предлози и сугестии, како и доделување благодарници. аа/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан