Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“
- Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа.
Со оваа инвестиција, како што информираат од прес-службата на општината, се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона.

-Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што се чувствува во секој дом. По оваа фаза ќе следи целосно асфалтирање на улицата, со што ќе се создаде модерна инфраструктура и полесно движење за граѓаните - нагласил Меџити.
Од Општина Чаир соопштуваат дека овој проект се реализира во неколку фази, започнувајќи од основната инфраструктура и продолжувајќи со целосно уредување на улицата, со цел подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. фф/вг.
Фото: Општина Чаир