Работна средба Мичнев - Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Република Македонија, Роберт Скот Хејзлет. На средбата беше искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт, информираат од МЈА.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Република Македонија, Роберт Скот Хејзлет. На средбата бил искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт, информираат од МЈА.
Разговорот се фокусирал на заеднички приоритети кои вклучуваат поддршка на реформите во јавната администрација, подобрување на соработката со граѓанскиот сектор и унапредување на практиките за отчетност и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.

Министер Минчев ја потенцирал важноста на интегрираните напори во насока на унапредување на јавните политики и институционалните капацитети, со цел да се обезбеди поефикасно и поинклузивно управување за граѓаните. Во таа насока, тој посебно ја истакнал Иницијативата за Партнерство за Отворена Власт (ПОВ), која Министерството ја спроведува како клучен механизам за промоција на транспарентност, отчетност и граѓанско учество.
Двете страни потврдиле интерес за продлабочување на дијалогот и имплементација на конкретни активности во наредниот период, со цел, како што се наведува, да се поттикнат принципите на отворена власт и граѓанско учество во процесите на донесување одлуки. сст/вг/
Фото МЈА