• четврток, 09 април 2026

Алиу до Бочварски: За една до две недели ќе заврши административната и финансиската постапка за доизградба на штипската Клиничка болница

Алиу до Бочварски: За една до две недели ќе заврши административната и финансиската постапка за доизградба на штипската Клиничка болница

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - За една до две недели ќе завршат административните и финансиските постапки за продолжување на изградбата на новата зграда на Клиничката болница - Штип, како и за изградба на нов објект за Медицинскиот факултет, а веднаш до него и студентски дом - одговори министерот за здравство Азир Алиу од собраниската говорница на прашање поставено од пратеникот Благој Бочварски за тоа кога ќе продолжи доизградбата на Клиничката болница - Штип. Алиу од говорницата на македонското Собрание посочи дека за оваа Влада здравствената инфраструктура е многу значајна.. 

- За оваа Влада здравствената инфраструктура е многу значајна. Министерството за финансии има направено барање до финансиските институции, така што за многу кратко време, за една недела или две, ќе заврши оваа административна и финансиска постапка, каде што ние како Влада ќе инвестираме некаде 109 милиони евра само во Штип градејќи една инфраструктура која му е потребна на целиот регион. Освен Клинички центар, имаме и едукативен дел, бидејќи ќе има објект за Медицинскиот факултет, како и студентски дом. Со оваа инфрастуктура убеден сум дека во Штип ќе имаме клинички центар, кој, освен што ќе дава здравствен услуги, ќе има и едукативни услуги - рече Алиу. 

Тој додаде дека паралелно со ова работат и на подигнување на вредноста и зголемување на капацитетот на лекари и медицински персонал. 

- За многу кратко време ќе дојдат и измените во Законот за здравството тука во Собранието, со цел да направиме реадаптација врз основа на перформансите и европските директиви - вели Алиу.

Посочи дека за обезбедување средства за здравствената инфраструктура се потпиша и меморандум меѓу владите на Македонија и Велика Британија. вдј/вг/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан