• среда, 26 јуни 2024

Без струја делови од селата Марино, Катланово и Тотинци

Без струја делови од селата Марино, Катланово и Тотинци

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека струја денеска ќе немаат корисници од село Марино во општина Илинден и од селата Катланово и Тотинци во општина Петровец поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

РЦУК соопшти дека според известување од ЕВН - Скопје, од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Марино, а од 12 до 14 часот корисниците од ул. 1 во село Катланово и корисниците од село Тотинци. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан