• понеделник, 23 декември 2024

Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија

Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Андон Чибишев е новиот директор на Клиниката за токсикологија, а утре ќе биде назначен нов директор на Клиниката за онкологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството. 

-  Професор Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Исто така се надевам дека утре ќе го назначиме и новиот директор на  Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорката е поминато кон средината на јуни. На Неврологија, нов директор е поранешниот министер за здравство д-р Фатмир Меџити, изјави Таравари.  

Министерот за здравство потврди дека се сменети организациските директори на девет клиники, меѓу кои и на Токсикологија. Потврди дека се пронајдени неправилности во работењето на економската директорка Бесија Иљази на Токсикологија.    

– Најверојатно да, службите го имаат тоа. Секако дека ние одлучивме веднаш да се разреши и да се назначи нов директор. Нема веќе да има економски директори, тоа е целта, рече Таравари.

Изјава на в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по средбата со премиерот Димитар Ковачевски. 

Многу скоро, како што најави, ќе биде предложен законот за да нема економски директори на клиниките. 

 – Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установа, рече Таравари. 

Се надева дека што побргу ќе бидат синхронизирани и систематизациите и ќе се донесе нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа.

- Истото важи и за здравствените домови и за болниците. Зборувам за помалите градови каде што има општа болница и здравствен дом, ќе бидат споени во едно што ќе се вика општа болница. Нема да има двајца, тројца, четворица директори, туку само еден, како што беше порано, рече Таравари. ев/бак/

Фото: МИА

 

 

 

 

Остани поврзан