• среда, 07 август 2024

Наместо еден, Тејлор Свифт ќе одржи три концерта во Виена

Наместо еден, Тејлор Свифт ќе одржи три концерта во Виена

Виена, 7 авгyст 2024 (МИА) - Наскоро почнуваат концертите на Тејлор Свифт во Виена, Австрија. Таа ќе настапи на стадионот „Ернст Хапел“ три дена по ред - на 8., 9. и 10 август, со што ќе биде првата жена-музичар што одржала три последователни концерти на стадионот.

Билетите се распродадени за рекордно време - за помалку од два часа беа продадени речиси 170.000 влезници. Подоцна во продажба беа пуштени ВИП-пакети по цени од 521 евро.

@abnosome Taylor Swift in München #olympiaparkmünchen #taylorswift #swiftie #eras ♬ оригинальный звук - Eni

Беше првично планиран само еден концерт, но поради големиот интерес на обожавателите, беа додадени уште два датуми. Според западните медиуми, Тејлор Свифт ја има финансиски најуспешната концертна турнеја во историјата на музиката - заработи над милијарда долари и стана првиот музичар воопшто на кого му успеа тоа.

Турнејата на Тејлор Свифт наречена „Ерас“ почна лани во март, а ќе заврши во декември оваа година во Канада.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан