• петок, 05 декември 2025

Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај

Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - На официјалниот евровизиски „Јутјуб“ - канал објавен е редоследот на настапите на земјите - учеснички на големиот музички натпревар.

Првото полуфинале на 13 мај ќе го отвори Исланд, а ќе го затвори Кипар.

Второто полуфинале на 15 мај ќе го отвори Австралија, а ќе заврши со настапот на Финска.

На 69. издание на „Евровизија“ во Базел, Швајцарија, ќе учествуваат 37 држави. Големото финале ќе се одржи на 17 мај.

Според обложувалниците на интернет, најголеми шанси за победа имаат претставниците на Шведска и Австрија. бд/дма/

Фото: официјална веб-страница на „Евровизија“

Видео: официјален евровизиски „Јутјуб“ - канал

Остани поврзан