Набавено ново специјализирано возило за одржување на хигиената во општина Неготино
- Набавено е ново специјализирано возило за одржување на хигиената во општината, информира градоначалникот Горан Стојанов.
Неготино, 6 март 2024 (МИА) - Набавено е ново специјализирано возило за одржување на хигиената во општината, информира градоначалникот Горан Стојанов.
Средствата за набавка се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.
- Специјализираното возило попознато како „Метларка“ е предадено во владение и користење на ЈП „Комуналец“ – Неготино, тоа е со највисоки стандарди и со нејзиното ставање во функција се очекува да има значителен придонес во одржувањето на хигиената на подрачјето на општината Неготино, нагласи Стојанов.
Возилото е обезбедено во рамки на проектот „Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава животна околина преку набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената на јавните површини во општина Неготино и Демир Капија“, спроведен преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. свд/мч/
фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов