• четврток, 25 јули 2024

Изложба ,,Етно свет" на Драги Хаџи - Николов во Кавадарци

Изложба ,,Етно свет

Кавадарци, 11 мај 2024 (МИА) - ,,Етно свет" е насловена ликовната изложба на уметнички слики од академскиот сликар Драги Хаџи - Николов, што синоќа беше отворена во кавадаречката Музеј галерија.

Директорот на Музејот, Јаким Зимоски реке дека овој настан е голема чест за Кавадарци. Тој упати голема благодарност до Министерството за култура и кавадаречката локална самоуправа. 

Елизабета Ристова, кустос во оваа културна институција, рече дека уметноста на авторот е олицетворение на македонската култура и културното наследство, водич низ времето и просторот. 

Историчарот на уметноста, Љубен Пауновски рече дека предметите во сликите на овој уметник, изгледаат како вистинити, тој постигнал големо мајсторство во своите дела. 

- Посветеност на нешто што е особеност за овој културен простор, посветеност за зачувување на културниот идентитет на една средина, начинот на живеење и односот кон животот, сето тоа е дел од неговите слики на извонреден начин, подвлече Пауновски. 

Авторот на изложбата, во своето обраќање кон присутните,  се осврна на техниката што ја користи во сликарството. свд/


Фото : МИА 

Остани поврзан