• понеделник, 23 декември 2024

Средба на градоначалникот Герасимовски со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Средба на градоначалникот Герасимовски со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Скопје, 24 јули 2024

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска се сретна со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој. Ова е прва официјална посета на амбасадорот Улусој на општината. Тој беше придружуван од неколку претставници на амбасадата, како и координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Мехмет Бајрак и Ариф Конак, координатор на Турскиот културен центар „Јунус Емре“.

На работната средба, Герасимовски и гостите од Турција е презентираа голем број на конкретни проекти, во доменот на образованието и на културата, преку кои може да се продлабочува соработката и да се воспоставуваат нови канали за промоција на двете земји. 

Во фокус на разговорот помеѓу Герасимовски и амбасадорот Улусој беше потенцијалот за идна соработка во културата и културната размена преку која најдобро може да се доближат традиционално пријателските односи.

На ниво на соработка помеѓу локаните власти, Герасимовски и Улусој разговараа и за начините на кои може да се продлабочи соработката помеѓу Општина Центар и збратимените општини од Република Турција, Ејуп и Бејоглу од Истанбул и Чанкаја од Анкара. Герасимовски го информираше Улусој за посетата на претставници од општината Чанкаја на Општина Центар и изрази надеж дека наскоро претставници на општината ќе ги посетат своите колеги во Турција со цел да разменат искуства и да се стекнат со нови знаења.

„Ми претставува чест и задоволство што нашите добри односи ги применуваме и на локално ниво и што оваа средба е повод за уште подобро да се запознаеме со заедничките проекти и со традицијата на нашите пријатели од турската заедница во Општина Центар кои се многу активни и почитувани наши сограѓани“, рече Герасимовски на состанокот.

Покрај активности помеѓу збратимените општини, Герасимовски го информираше турскиот амбасадор Улусој и за соработката помеѓу училиштето „Гоце Делчев“ и „Султантепе – Ускудар“ од Истанбул.

Герасимовски и координаторот на ТИКА, Мехмет Бајрак, пак, разговараа за поддршката што Агенцијата може да ја даде на Општина Центар за развој на капитални проекти во образованието.    

Северна Македонија и Турција имаат долготрајна традиција на силни билатерални односи и оваа средба ја потврдува посветеноста на Општина Центар за понатамошно зајакнување на ова партнерство, со посебен фокус на зајакнување на локалната самоуправа и негување поблиски врски и на локално ниво.

 

Општина Центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан