• четврток, 21 ноември 2024

ФЗО ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, критична е состојбата со средномедицинскиот персонал

ФЗО ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, критична е состојбата со средномедицинскиот персонал

Струмица, 24 јули 2024 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, но според директорот на Фондот, Сашо Клековски, критична е сотојбата со средномедицинскиот персонал, каде нема доволно здравствени работници.

-На третиот ден имавме средба со Синдикатот на УПОЗ каде што е дел Синдикатот на ФЗОМ, а вчера имавме средба и само со Самостојниот синдикат на здравство и со Самостојниот синдикат на Клинички центар. Ние имаме комплетно разбирање за барањата, посебно што се однесува за корекција кај средномедицинскиот персонал и нема да криеме - ние имаме критична состојба кај средномедицинскиот персонал. Немаме здравствени работници доволно, кои заминуваат заради ниските плати и тука сме да се аргументираме. Значи, едноставни решенија немаме, мораме да се аргументираме. Ќе се направат
одредени заштеди со укинување на економските директори, да видиме како тоа ќе влијае, колку брзо ќе се случи укинувањето. Мислам дека веќе е во собраниска процедура, знаеме колку пари треба за зголемувањето на платите, ама да ги видиме сите тие калкулации. Мислам дека комплетно сме свесни за состојбата и ќе бидеме соработливи со синдикатите, одговори Клековски на новинарско прашање по денешната посета на Болницата во Струмица.

Според другиот директор на ФЗО, Бранко Аџигогов, за вработените во Фондот обезбедени се средства до крајот на годината, но за усогласувањата, она што е впрочем и барањето од синдикатите од здравство, понатаму останува да се прават пресметки и да се чека што ќе биде епилогот. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан