• недела, 29 септември 2024

Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО, соопшти МНР.

Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата. дма/бак

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан