• сабота, 18 мај 2024

Мурињо за триумфот над Наполи: Рома цело време ја контролираше играта против многу повешт тим

Мурињо за триумфот над Наполи: Рома цело време ја контролираше играта против многу повешт тим

Рим, 24 декември 2023 (МИА) – Тренерот на Рома. Жозе Мурињо го пофали својот тим за победата (2:0) над Наполи извојувана вчеравечер во Серија А.

Наполитанците мечот го завршија со деветмина, откако беа исклучени Матео Политано и Виктор Осимен.

- Натпреварот испадна исклучително тежок. Можеби не се согласувате, но по 5. минута почувствував дека ќе победиме. Рома одигра многу добро со силен интензитет. Не реализиравме две одлични шанси во првото полувреме и цело време ја контролиравме играта против многу повешт тим.

Ја искористивме ситуацијата - постигнавме гол кога противникот имаше 10 играчи. Добро сработеа и замените. Мислам дека победата е целосно заслужена, изјави Мурињо.

По 17.кола во Серија А, Рома се наоѓа на 6. место со 28 бода, додека Наполи е на 7. позиција со 27 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан