• сабота, 21 декември 2024

Пиоли: Клубот мора да направи чекор напред за да ја освои ЛШ

Пиоли: Клубот мора да направи чекор напред за да ја освои ЛШ

Милано, 17 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, инсистираше на тоа дека не размислува за неговите последни денови на чело на тимот и смета дека клубот мора да направи чекор напред за да ја освои титулата во Лигата на Шампионите. Пиоли говореше на прес-конференција пред гостувањето на Милан во Торино во саботата во дуелот од Серија „А“.

-Неделата беше добра затоа што не победивме неодамна. Мислам дека успехот против Каљари ќе ни помогне. Очекувам силен настап утре. Тео Ернандез денеска не тренираше со нас поради настинка, па ќе видиме дали навреме ќе закрепне, изјави тренерот на гигантот од Милано.

Стефано Пиоли беше прашан дали мисли дека ова би можеле да бидат неговите последни денови во клубот и одговори: „Мислам дека не, но секако дека ќе се сретнам со раководството по крајот на сезоната. Ќе разговараме и ќе одлучиме за иднината. Дотогаш ќе се трудам да останам концентриран и да му помогнам на тимот, отсекогаш сум имал добар однос со клубот и така ќе остане, па да бидеме трпеливи“.

Што се однесува до Оливие Жиру, кој ќе го напушти Милан на крајот на сезоната, Пиоли коментира: „Оливие ќе биде стартер на неговиот последен меч, но не утре. Се надевам дека ќе ја достигне бројката од 50 гола за Милан. Јас сум во добри односи со играчите и можам да бидам само среќен и благодарен. Жиру, Кјаер и Ибрахимовиќ беа многу важни за нас, но во меѓувреме нашите играчи пораснаа и мора да преземат одговорност“.

Стефано Пиоли зборуваше и за можноста Милан во иднина да ја освои Лигата на шампионите.

-Тешко е, но мислам дека Милан може да го направи тоа, иако нивото во моментов е навистина високо. Борусија Дортмунд заостанува 25 бода зад Баер Леверкузен во Бундеслигата, но тие стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, иако Реал Мадрид е фаворит. Мораме да направиме чекор напред, изјави тренерот на тимот од Милано. дс

Фото: Архива

Остани поврзан