• сабота, 15 јуни 2024

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијанаполис, 18 мај 2024 (МИА) - Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со 116:103. Резултатот во серијата прв до четири победи сега е израмнет 3:3 и за пласман во полуфиналето ќе одлучува мајсторка.

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Седмиот натпревар во серијата ќе се одигра утревечер на теренот на Њујорк.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан