• вторник, 25 јуни 2024

Наследникот на Клоп потврди за Ливерпул

Наследникот на Клоп потврди за Ливерпул

Ливерпул, 17 мај 2024 (МИА) - Холандскиот стручњак Арне Слот потврди дека ќе биде следниот менаџер на Ливерпул. 45-годишниот тренер ќе пристигне на „Енфилд“ од Феенорд на лето за да го наследи Јирген Клоп.

-Можам да потврдам дека ќе бидам тренер таму следната сезона“, изјави Слот на прес-конференција во петокот.

Се очекува Ливерпул да плати околу 11 милиони евра обештетување на Феенорд за Слот.

За три сезони во Ротердам, Слот еднаш ја освои титулата и холандскиот куп со Феенорд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан