Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец
- Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.
![Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец](https://new.mia.mk/images/20240627083807_big_730x400_36.webp )
Атина, 27 јуни 2024 (МИА) – Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис го осуди нападот и истакна дека „демократијата и нејзините столбови, како што се судството и неговите функционери, не се заплашуваат“, посочувајќи дека апсолутен приоритет е итното апсење на сторителите. ср/паг/