• среда, 10 јули 2024

Моди во Русија: Решението за украинската криза не е војна, неопходен е дијалог

Моди во Русија: Решението за украинската криза не е војна, неопходен е дијалог

Москва, 9 јули 2024 (МИА) – Решението на украинската криза не е војна и неопходно е да се фокусираме на дијалогот, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

- Решението не може да биде преку војна. Бомбите, ракетите и пушките не можат да обезбедат мир, затоа да се фокусираме на дијалогот, а дијалогот е неопходен, заклучи Моди.

Тој нагласи дека Индија е подготвена да пружи помош за воспоставување мир и оти по разговорот со Путин почувствувал „оптимизам и надеж за иднината“.

Како што пренесуваат руските медиуми, Москва и Њу Делхи развиваат нови заеднички проекти, меѓу кои и изградба на нуклеарна централа со мала моќност.

Двајцата лидери заедно посетија изложба, а Моди положи венец на гробот на непознатиот херој.

Тој, исто така, се сретна со членовите на индиската заедница во Русија и најави отворање на индиски конзулати во Казан и Екатеринбург за промовирање на туризмот и деловните активности.

- Во Русија температурата понекогаш е под нулата, но во односите меѓу Индија и Русија температурата е секогаш позитивна, изјави Моди пред индиската заедница.

Тој додаде дека Москва е сигурен партнер на Њу Делхи „во среќа и тага“. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан