• четврток, 11 јули 2024

Блинкен: Авионите Ф-16 се на пат за Украина, летово ќе летаат на украинското небо

Блинкен: Авионите Ф-16 се на пат за Украина, летово ќе летаат на украинското небо

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) - Американскиот генерален секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека испраќањето одбранбени системи во Украина, како системот „Патриот“ и други, е клучно за одбраната на инфраструктурата и на украинскиот народ, како и на силите.

„Клучот е да се отклучат економските инвестиции во Украина. Тоа е работа број еден за Украина и Алијансата, но тоа е само дел од пакетот што го составивме“, рече Блинкен во Вашингтон на Самитот на НАТО.

Тој рече дека „во овој момент“ пратката на борбени авиони Ф-16 обезбедени од Данска и Холандија оди во Украина. „Тие веќе ќе летаат над Украина ова лето“, рече Блинкен.

Тој посочи дека за него успех е независна и силна Украина, интегрирана во НАТО и Европската унија и која „стои на свои нозе и економски и демократски“.

„Украина е на тој пат. Имаме обемен пакет кој го гради мостот на Украина кон НАТО“, рече Блинкен.

Секретарот оцени дека економската траекторија на Украина е во „критична“ состојба, бидејќи Украина има капацитет да управува со одбранбена индустрија за себе и за другите, но дека „физичките инвестиции“ мора да бидат заштитени. Лидерите на НАТО се собраа на Самит во Вашингтон, со кој Алијансата ја одбележува 75-годишнината од формирањето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан